More

    Руска тинејџерка е нова тениска атракција на Австралија Опен

    spot_img

    Руската тенисерка Мира Андреева направи големо изненадување на  грен-слем турнирот Австралија Опен. 16-годишната Русинка во 3.коло на „Ројд Лејвел“ Арената успеа, со само два загубени гема, да слави убедлива победа против шестата тенисерка во светот Онс Жабер од Тунис (6-0, 6-2).

     

    Ова беше најголема победа во кариерата на Андреева. За руската тинејџерка триумфот има и уште поголема важност бидејќи е постигнат во дуел со Онс Жабер за која вели дека е нејзината најголема инспирација во тенисот.

     

    – Бев нервозна пред мечот бидејќи бев навистина инспирирана од Онс и нејзиниот начин на игра. Пред да почнам да настапувам во сениорска конкуренција, постојано ги гледав нејзините натпревари и секогаш бев инсиприрана од нејзината игра, а сега имав можност да играм против неа. Искрено првиот сет го одиграв неверојатно, не го очекував тоа од себе – изјави Андреева по мечот.

     

    Андреева е голем тениски талент, а најголемиот свој успех го имаше минатата година кога на Вимблдон стигна до четвртото коло. За Андреева ова беше четврти настап на еден Грен Слем турнир.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img