More

    Руска телевизија: Шојгу ги проверува руските сили во Украина

    spot_img

    Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу вршеше инспекција на руските сили во Украина, објави утринава државниот ТВ канал „Россија-24“. Ова е прво појавување на Шојгу во јавноста по бунтот на паравоената група Вагнер.Како што се наведува во извештајот, Шојгу „одржал состанок со постарите“ на една од единиците на командното место на руските сили во Украина.

    На средбата министерот ја подвлече важноста од „ефикасно откривање и уништување“ на непријателските вооружени системи и војници, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

    Од петокот вечерта до саботата навечер, водачот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, водеше вооружен бунт со цел да ја собори армиската команда со која беше во конфликт неколку месеци.

    Пригожин вети дека ќе го „ослободи рускиот народ“, а ги обвинува Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов дека жртвувале илјадници луѓе во Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img