More

    Русите врбуваат Палестинци да војуваат во Украина

    spot_img

    Сè повеќе Палестинци кои живеат во бегалски кампови во Либан се пријавуваат да се приклучат во руската армија и да војуваат во Украина, зашто руски агенти во регионот им нудат плата од 350 до 700 долари месечно – изјавил извор од либанската служба за безбедност за порталот „Медиа Лајн“, пренесува Б92.

    Изворот додал дека активностите за регрутирање Палестинци ги вршат активисти поврзани со палестинската амбасада во Либан. Повеќето од оние што се пријавиле се родени по 1969 година, така што немаат соодветна регистрација кај либанските власти, што им го олеснува патувањето за да учествуваат во конфликтот како платеници.

    Регрутите наводно се членови на политичкото движење Фатах, како и други организации како Народниот фронт за ослободување на Палестина.

    – Не сум изненаден што тоа се случува бидејќи ситуацијата во камповите е мизерна, нема работа за младите и тие немаат никаква перспектива – вели Риад Кахваџи, либански истражувач.

    Повеќето од Палестинците кои се на фронтот во Украина доаѓаат од Аин ал Хилвех, најголемиот палестински бегалски камп во Либан, пишува „Џерусалим пост“.

    Поединци, наводно, добиваат месечна плата и додаток за нивните семејства во замена да се согласат да учествуваат во конфликтот во Украина и да се борат на страната на Русите, додека на искусните борци им се плаќа 500 до 700 долари, што се многу пари според нивните стандарди.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img