More

    Русите спречиле украински напад со отровен гас

    spot_img

    Русија денеска објави дека спречила напад со токсичен гас подготвен од украинските специјални служби во украинскиот регион Запорожје, делумно под контрола на руските сили.

    „Одбиен е обид за напад на украинските специјални служби во регионот Запорожје, за кој требаше да се употреби еквивалент на токсичниот воен агенс „BZ“, според класификацијата на НАТО“ – соопшти Руската служба за безбедност (ФСБ).

    Од ФСБ посочуваат дека зад операцијата на украинските сили стои САД посочувајќи дека токсичните агенси што ги заплениле се користат за производство на хемиско оружје.

    „Токсичните агенси запленети за време на операцијата се користат за производство на хемиско оружје за масовно уништување и се дизајнирани во САД“ – се додава во соопштението на ФСБ.

    Истрагата за планираниот напад и производството на оружје за масовно уништување е во тек. Руските власти доопштија дека уапсиле тројца украински државјани кои се осомничени за учество во планираниот напад.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img