More

    Русите продолжија да го гранатираат Керсон, една жена беше убиена

    spot_img

    Една жена е убиена рано во понеделникот во руско гранатирање на јужниот украински град Керсон, соопштија регионалните власти, додека Русија објави дека соборила украинско беспилотно летало во близина на московскиот регион.

    „Тешка ноќ во Керсон… руската армија продолжи да ги гранатира домовите на жителите на Керсон во централниот дел на градот“, напиша гувернерот Олександр Прокудин на Телеграма.

    Тој додаде дека гранатирањето започнало околу полноќ и траело неколку часа.

    Ројтерс не можеше независно да ги потврди деталите од извештајот.

    Украина ја врати контролата врз градот Керсон и делови од регионот Керсон во ноември, по неколкумесечна руска окупација. Но, руските сили редовно го гранатираат градот и околните области преку реката Днепар.

    Овој месец, во напад на болница во Керсон, еден лекар беше убиен, а медицинска сестра беше ранета.

    Од друга страна, Русија објави дека во областа Калуга, која на север се граничи со Московската област, нејзината противвоздушна одбрана го уништила дронот.

    Гувернерот на регионот Владислав Шапша изјави дека нападот не предизвикал човечки жртви или штета на инфраструктурата.

    Засега не е познато кој ги лансирал беспилотните летала, а нема коментар од Киев. Украина речиси никогаш јавно не ја презема одговорноста за нападите во Русија или на територијата контролирана од Москва, нагласува Ројтерс.

    Руските власти, пак, го обвинуваат Киев за зголемениот број напади со беспилотни летала оваа година на руска територија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img