More

    Русите повторно им се заканија на Европа и на САД со нуклеарно оружје: „Ако треба да…

    spot_img

    Руската државна телевизија предупреди дека Кремљ ќе ги нападне САД со нуклеарно оружје доколку Украина ја ескалира војната на „нуклеарно ниво“.Рускиот политички коментатор и претседател на Рускиот институт за Блискиот Исток, Евгениј Сатановски, го изјави ова во видео клип кој брзо стана вирален.

    Советникот во украинското Министерство за внатрешни работи, Антон Герашченко, го сподели видеото на својот профил на Твитер на 12 јуни, а видеото досега е прегледано повеќе од сто илјади пати, пренесува Newsweek.

    Коментарите уследија откако рускиот претседател Владимир Путин минатиот петок објави дека ќе започне со испраќање нуклеарно оружје во Белорусија на 7 и 8 јули, неколку дена пред договорениот самит на НАТО во соседна Литванија.

    „Прашањето е дали ќе дојде до нуклеарна фаза или не? Затоа што ако работите продолжат вака, тоа дефинитивно ќе се случи“, изјави Сатановски на руската државна телевизија.

    „И нема да се работи за тактичко, туку за стратешко нуклеарно оружје со кое ќе ја нападнеме Украина, верувајте ми, Соединетите Американски Држави и сите цели кои мора да бидат во центарот на вниманието“, додаде тој. „Тие се таму уште од времето на Советскиот Сојуз, и оние во САД, во Европа и други места каде што е концентрирано американското нуклеарно оружје, каде што има американски воени бази.

    „Посакувам на патот кон нуклеарната сцена да го завршиме непријателот без да го преминеме Рубикон. Но, ако треба, што можеме да направиме?” праша Сатановски.

    Не е прв пат…
    Од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари минатата година, руските коментатори и официјални лица изјавија дека Кремљ е подготвен да користи нуклеарно оружје во конфликтот.

    Во април оваа година, поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев рече дека веројатноста за користење нуклеарно оружје – што тој го нарече столб што ја држи земјата заедно – расте секој ден.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img