Русите одбија неколку украински дронови на сопствена територија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Руските власти соборија украински дронови во три градови во раните утрински часови, јави агенцијата РИА. Снимки од нападите во близина на командата во Ростов, пристаништен град на реката Дон, каде беа оштетени три згради и повредено едно лице се појавија на социјалните мрежи. Од зградата на Командата се координираат руските напади врз Украина.

Уште еден дрон во Ростовската област падна надвор од градот.

 

Во Брјанск, фрагменти од еден од двата уништени беспилотни летала ги искршиле стаклата на зградата на железничката станица и оштетиле автомобили во близина, објави новинската агенција Интерфакс.

На Твитер се појави и снимка од дронот кој паднал во населбата Раменское близу Москва. Според еден твитерџија, кршени биле прозорци на улицаа Десантнаја, а моторот од дронот е снимен како лежи на улицата.

Share This Article