Русите обвинуваат за терористички напад кај Херсон

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Руската администрација во окупираната украинска област Херсон денеска соопшти дека многу населени места, вклучително и градот Херсон, останале без вода и струја по, како што го нарече, чин на „саботажа”.

Владата на Херсон, назначена од Москва, на Телеграм објави дека снабдувањето со електрична енергија и вода е „привремено прекинато” откако во „терористички напад” се оштетени три далноводи во регионот.

Во соопштението се наведува дека нападот бил организиран од Украина.

Службите за вонредни состојби објавија дека десет населени места во регионот останале без струја, меѓу кои и градот Херсон, кој пред војната имаше 280.000 жители.

Во последните неколку недели, руските власти постојано ги предупредуваа цивилите да го напуштат Херсон, бидејќи, како што велат, во тек се подготовки за украинска офанзива врз градот.

Share This Article