More

    Русите објавија видео од дронот со кој била гаѓана зградата за гориво

    spot_img

    Украинските војници отворија масовен оган во непосредна близина на нуклеарната централа Запорожје, соопшти прес-службата на градската управа Енергодар, во моментот кога мисијата на МААЕ пристигна во градот Запорожје за да започне инспекција на нуклеарната централа.

    Во соопштението се наведува дека се забележани 23 артилериски удари, а според првичните податоци била употребена американска артилерија М777 од 155 милиметри, пишува РИА. Мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) пристигна претходно денеска во градот Запорожје. Експертскиот тим предводен од генералниот директор на таа организација Рафаел Гроси потоа, како што е најавено, треба да ја посети нуклеарната централа Запорожје.

    РИА објави и видео од доказот кој Русија го пратила во ОН за дрон кој ја напаѓа зградата во која се чува гориво. Сателитските снимки покажуваат дека биле направени две дупки на кровот.

    „Ние дистрибуиравме меѓу членките на Советот за безбедност на ОН писмо во врска со информациите од руското Министерство за одбрана во врска со гранатирањето на нуклеарната централа Запорожје од страна на Вооружените сили на Украина на 29 август“, се вели во соопштението.

    Централата која е под контрола на руските сили, се наоѓа на левиот брег на реката Днепар. Таа е најголемата нуклеарна централа во Европа по број на единици и капацитет. Украина и Русија цело време си разменуваат обвинувања за тоа кој фрла гранати на Запорожје.

    Шефот на МААЕ, Рафаел Гроси, кој вчера се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека посетата на експерти на ОН на нуклеарната централа на југот на Украина ќе трае од среда до сабота.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img