Рускатановинска агенција РИА објави видео снимено со дрон во украинскиот град Бахмут, кој од неодамна е целосно под контрола на руските сили.
– Ужасни, апокалиптични сцени од урнатините на Бахмут по 10 застрашувачки месеци руски напади, користејќи некои од најбруталните оружја и тактики – објави Кристофер Милер, дописникот на Фајненшл Тајмс за Украина, покрај видеото.
Градот беше целосно уништен во најдолгата и најкрвавата битка на војната во Украина. Се проценува дека во битката за Бахмут животот го загубиле десетици илјади руски и украински војници. Пред војната во Бахмут живееја околу 70.000 луѓе.