Русите најавија прекин на огнот и отворање на хуманитарни коридори во неколку градови

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ова е дванаесеттиот ден од руската инвазија на Украина. Руската војска најави дека ќе отвори повеќе хуманитарни коридори низ Украина, пренесува АФП.

8:20 Видео од мало момче кое сам ја преминува границата

Едно видео покажува мало момче како ја преминува границата во Полска, шетајќи пред група возрасни. Момчето е само и додека се шета плаче, а единствено што има е зимска јакна и најлонска кеса во која ги носи работите. Тој изгледа неверојатно мал на тој тротоар, шетајќи се одвоено од другите семејства кои побегнале од Украина, пишува CNN.

8:10 Украина: Русија планира сеопфатен напад врз Киев

Украинските одбранбени претставници предупредија дека Русија ги подготвува своите сили за сеопфатен напад врз главниот град Киев.

Генералштабот на украинските вооружени сили во понеделникот наутро соопшти дека руските сили се подготвуваат да го нападнат Киев обидувајќи се да преземат целосна контрола врз градовите Ирпин и Буча, недалеку од Киев, и приближувајќи се кон главниот град преку источните предградија.

Во билтенот објавен во раните утрински часови, Генералштабот соопшти дека руските сили, исто така, „се обидуваат да стекнат тактичка предност за да стигнат до источните предградија на Киев преку областите Броварски и Бориспил“, се вели во билтенот.

8:05 Објавени детали за хуманитарниот коридор

Руската војска ќе го прекине огнот и ќе отвори хуманитарни коридори од неколку украински градови, вклучувајќи го и главниот град Киев, во 8 часот по средноевропско време и 10 часот по московско време, соопшти руското Министерство за одбрана.

- Advertisement -
Ad image

Се отвораат коридори и од градовите Харков, Мариупол и Суми, на лично барање на францускиот претседател Емануел Макрон и со оглед на моменталната состојба во тие градови, се наведува.

Share This Article