More

    Русија воведува затворска казна за тие што избегнуваат воен рок

    spot_img

    Русија наскоро ќе воведе затворски казни за луѓето кои избегнуваат да служат воен рок, изјави московски официјален претставник.

    Законот што ќе ја официјализира оваа промена ќе биде претставен пред државната Дума оваа есен, изјави претседателот на Комисијата за одбрана.

    Оние кои ќе бидат прогласени за виновни се соочуваат со парична казна од половина милион рубљи или до пет години затвор.

    На социјалните мрежи во Русија веќе се појавија гласини за нов бран на мобилизација оваа есен. Роднините на веќе мобилизираните се жалат дека треба да се обезбеди ротација на војниците на линијата на фронтот.

    Русија се обидува да натера повеќе мажи да се пријават за да служат во Министерството за одбрана.

    Кабини за пријавување волонтери се поставени во близина на метро станиците и деловните центри, плакати и огласи со повик за војска се насекаде низ Москва.

    Претходно оваа недела, заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитри Медведев, рече дека 231.000 нови војници биле регрутирани досега во текот на оваа година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img