Русија тестираше напредна интерконтинентална балистичка ракета

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Русија изврши пробно лансирање на „напредна“ интерконтинентална балистичка ракета неколку недели откако го суспендираше учеството во договорот за нуклеарно разоружување со Американците.

Една борбена единица успешно лансираше интерконтинентална балистичка ракета (ИЦБМ) од полигонот Капуцин Јар во регионот Астрахан, соопшти руското Министерство за одбрана.

Пробното лансирање беше извршено вчера.

Беше прецизирано дека боевата глава за обука на наведуваната ракета точно ја погодила целта на полигонот Сари-Шаган во Казахстан и дека планираните задачи се целосно исполнети.

Министерството прецизираше дека целта на пробата била тестирање на напредна борбена опрема.

„Ова лансирање овозможи да се потврди исправноста на техничките решенија што се користат во развојот на нови стратешки ракетни системи“, се наведува во соопштението, пренесува агенцијата ТАСС.

Од почетокот на конфликтот во Украина во февруари 2022 година, рускиот претседател Владимир Путин постојано укажува дека употребата на нуклеарно оружје не е исклучена доколку Москва биде принудена да го стори тоа.

Последниот пример е на 25 март годинава, кога објави дека Москва ќе распореди „тактичко“ нуклеарно оружје во Белорусија, нејзин сојузник во конфликтот со Украина, што предизвика загриженост во Киев и Запад, наведува агенцијата АФП.

Во февруари, два дома на рускиот парламент гласаа за суспендирање на Договорот за нуклеарно разоружување Нови Старт, потпишан со Американците во 2010 година.

- Advertisement -
Ad image

Тоа беше последниот билатерален договор за нуклеарно разоружување кој сè уште ги врзуваше Русите и Американците и според кој двете страни се согласија да ги ограничат своите нуклеарни резерви и да подлежат на меѓусебни инспекции.

Ова, како и одлуката за распоредување нуклеарно оружје во Белорусија, беше остро осудена од НАТО.

Во февруари, Путин вети дека најновата интерконтинентална балистичка ракета „Сармат“ ќе биде ставена во употреба оваа година, опишана како оружје што може да ги победи сите противвоздушни системи и кое, како што рече, „ќе ги натера оние кои се обидуваат да и се закануваат на Русија двапати да размислат. ” .

- Advertisement -
Ad image
Share This Article