Русија денеска спречи напад на украинско беспилотно летало во Подмосковље, кој не предизвика штети или жртви, соопшти руското Министерство за одбрана, пренесува Индекс.
„Утринава беше спречен обид“ за напад на Киев со помош на „беспилотно летало (…) во регионот на Подмосковје“, објави руската одбрана на Телеграм.
„Дронот е уништен од противвоздушна одбрана“, додаваат од министерството. Во овој напад, според истиот извор, нема жртви или материјална штета.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, на Телеграм рано во петокот објави дека „во текот на ноќта бил извршен обид за напад со непријателски дрон“, без да ја прецизира точната локација.
Руската престолнина и нејзиниот регион, лоцирани на повеќе од 500 километри од украинската граница, веќе беа цел на напади со беспилотни летала, вклучително и оној што го погоди Кремљ во мај.
Во понеделникот Киев ја презеде одговорноста за нападот со беспилотно летало што ја погоди Москва во текот на ноќта. Според руската војска, два украински дронови биле неутрализирани и соборени без жртви. Едно од леталата се урна на зградата Комсомолскиот проспект, во близина на руското Министерство за одбрана.
Пет беспилотни летала беа соборени над московскиот регион на 4 јули, соопшти Русија, прекинувајќи ги операциите на Внуково, еден од трите главни меѓународни аеродроми во главниот град.