Русија собори пет украински беспилотни летала на југот на земјата и во близина на Москва, соопштија денеска официјални лица, додавајќи дека во нападите е повредено едно лице.
Дронот е соборен во Раменски, 60 километри југоисточно од Москва, соопшти Министерството за одбрана.
Два беспилотни летала се соборени во Ростов на Дон, на југот на земјата, изјави гувернерот на овој регион Василиј Голубев.
Еден дрон падна во центарот на градот, при што едно лице е повредено.
Во пограничниот регион Брајанск беа соборени уште два украински беспилотни летала, соопшти руското Министерство за одбрана.