More

    Русија се обидува да се врати во Советот за човекови права на ОН од кој беше исфрлена

    spot_img

    Русија бара повторно да се приклучи на Советот за човекови права на Обединетите нации, за кој ќе се одлучува со гласање следниот месец, што ќе биде еден вид тест за меѓународната положба на земјата. Русија беше исфрлена од ова тело минатиот април, откако нејзините сили ја нападнаа Украина.

    Цитирајќи ги деталите од документот што Русија го проследува до членките на ОН барајќи нивна поддршка, Би-Би-Си известува дека Русија ветува дека ќе најде „соодветни решенија за прашањата за човековите права“ и се обидува да спречи Советот да стане „инструмент кој служи на политичката волја на група земји“, што се подразбира како референца на Запад.

    Дипломатите рекоа дека Русија се надева дека ќе го врати меѓународниот кредибилитет откако беше обвинета за кршење на човековите права во Украина и во нејзините граници.

    Русија исфрлена од Советот за човекови права на ОН, БиХ и Србија гласаа за

    ајновите докази за овие злоупотреби беа презентирани пред Советот за човекови права во понеделникот во извештајот на нејзината истражна комисија за Украина.

    Ерик Мозе, претседател на комисијата, рече дека има континуирани докази за воени злосторства, вклучувајќи тортура, силување и напади врз цивили.

    Во посебен извештај на специјалниот известувач на ОН за Русија Маријана Кацарова пред две недели се вели дека ситуацијата со човековите права во Русија, исто така, „значително се влошила“, при што критичарите на инвазијата се предмет на произволно апсење, тортура и малтретирање.

    Советот за човекови права на ОН е со седиште во Женева и е составен од 47 членки, од кои секоја се избира за тригодишен мандат.

    На следните избори, закажани за 10 октомври, Русија ќе се натпреварува со Албанија и Бугарија за две места во Советот резервирани за земјите од Централна и Источна Европа.

    Во гласањето ќе учествуваат сите 193 членки на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Тамошните дипломати рекоа дека Русија води агресивна кампања, нудејќи им на малите земји жито и оружје во замена за нивните гласови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img