Русија регрутира доброволци од Сирија кои би се бореле во војната во Украина, специфично за нападот врз Киев, пишува Волстрит џурнал, кој во статија ги цитира американските власти. Москва во 2015 година го поддржа сирискиот претседател Башар ал Асад во 2015 година, а сега се надева на помош. Еден службеник за американскиот весник кажа дека некои борци се веќе во Русија и спремни се да се придружат на борбите во Украина, иако не е јасно колку борци се регрутирани.
Пентагон соопшти дека нема причина да се сомнева во точноста на извештајот.
– Сметаме дека извештаите за нив – Русите – кои бараат сириски борци за да ги зголемат своите сили во Украина, веруваме дека во тоа има вистина – им кажа портпаролот на Пентагон Џон Кирби на новинарите на прашањето за извештаите.
– Интересно е тоа што господинот Путин морал да се потпре на странски борци – рече Кирби, иако призна дека Пентагон нема „совршена видливост“ за тоа кој точно се придружува на акцијата.
Доброволци има и на украинската страна. Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека околу 20.000 странски државјани допатувале за да се придружат на силите на Киев.