More

    Русија распореди нуклеарно оружје во Белорусија

    spot_img

    Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека Русија ги завршила сите испораки на тактичко нуклеарно оружје за неговата земја, акција што предизвикува сериозна загриженост во соседна Полска и другите околни земји.

    На економскиот самит во Санкт Петерсбург на земјите собрани околу Русија, Лукашенко изјави дека испораките биле завршени во октомври, но не прецизираше колку нуклеарни боеви глави се префрлени од Русија во Белорусија ниту каде се распоредени.

    За разлика од стратешкото нуклеарно оружје кое е термонуклеарно, претежно поставено на интерконтинентални балистички ракети и може да срамни цели градови и пошироки области околу нив, тактичкото оружје е класично атомско, има значително помала моќ и е наменето за употреба на бојното поле. Сепак, тоа, како и термонуклеарното (хидрогенско) оружје, произведува радијација што не познава граници меѓу државите.

    Русија претходно соопшти дека ќе ја задржи контролата врз тактичкото оружје во Белорусија.

    Лукашенко додаде дека целта на распоредувањето на ова оружје е да се одврати можна агресија на Полска, членка на НАТО, врз Белорусија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img