Името на Кирило Буданов (37) сега се наоѓа во базата на податоци на руското Министерство за внатрешни работи, во списокот на лица кои се бараат за прекршување на кривичниот закон.
Буданов, од 2020 година е началник на воено-разузнавачкиот оддел во Министерството за одбрана на Украина. Руските власти го обвинуваат за организирање напад во октомври 2022 година, кога делумно е уништен мостот што го поврзува анектираниот Крим со Русија.
Кон крајот на ноември, Украина ја обвини Русија за труење со тешки метали на сопругата на Кирило Буданов, Маријана Буданова, која е и советничка на градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Кремљ ги отфрли овие обвинувањата како неосновани.