More

    Русија продолжува со ракетни напади на Киев

    spot_img

    Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека утрото го поминал во засолниште во Киев, откако беше прогласена воздушна тревога во главниот град на Украина.

    „Го започнувам денот во Киев во засолниште, додека Русија извршува уште еден ракетен напад. Ова е секојдневната реалност за украинскиот народ од руската инвазија“, напиша Борел на платформата Икс.

    Инаку рано утринава беше објавена воздушна тревога низ Украина поради полетувањето на руските авиони Ту-95 и МиГ-31.

     

     

    Поради опасност од ракетен напад, во Киев се воведени распореди за итни прекини на електрична енергија. Во саботата Борел пристигна во Киев во својата последна официјална посета на Украина.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img