Русија е подготвена да ги продолжи преговорите за контрола на вооружувањето со САД доколку Вашингтон е подготвен да го стори тоа, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, а пренесува агенцијата РИА.
Рјабков рече дека Москва и Вашингтон се во постојан контакт, но и дека Кремљ не гледа индикации дека Вашингтон е подготвен да го продолжи дијалогот за Украина.
Рјабков, исто така, нагласи дека предлозите за безбедносни гаранции што Русија ги испрати до САД и НАТО пред да започне инвазијата на Украина на 24 февруари повеќе не важат бидејќи ситуацијата сега е целосно променета.