Пет сојузнички земји, вклучително и Соединетите Американски Држави, предупредија дека новите разузнавачки информации покажуваат дека Русија е подготвена да изврши силни сајбер напади врз ривалите кои ја поддржуваат Украина.
Членовите на разузнавачката мрежа Five Eyes – САД, Велика Британија, Канада, Австралија и Нов Зеланд – рекоа дека Москва може да ги вклучи и постоечките сајбер-криминалци во нападите врз владите, институциите и бизнисите.
„Разузнавањето покажува дека руската влада ја истражува можноста за потенцијални сајбер напади“, велат тие во официјалното предупредување. Дополнително, се наведува, „некои групи сајбер-криминалци неодамна јавно ветија поддршка за руската влада“.
„Некои групи, исто така, се заканија дека ќе спроведат сајбер операции против земји и организации кои обезбедуваат материјална поддршка на Украина.