Руската државна вселенска агенција Роскосмос со која раководи Димитри Рогозин упати посебна честитка до членките на пактот НАТО по повод самитот на Алијансата кој деновите се одржува во Мадрид.
Роскосмос на Твитер објави сателитски снимки од Мадрид, Вашингтон Пентагон и Белата куќа, Лондон, Париз, Берлин, Брисел, со координати на точните локации и порака:
„Самитот на НАТО започнува денеска во Мадрид, каде западните земји ќе ја прогласат Русија за најголем непријател“.
„Истовремено ви ги даваме и координатите на објектите. Значи, за секој случај: САД 38.897542, -77.036505- Бела куќа, Пентагон 38.870960, -77.055935, Лондон 51.503049, -0.127727, Париз 48.870433, 2.316842, Берлин 52.49903“, се вели во објавата.
Поранешни офицери, политичари, членови на руската Дума често изјавуваат дека би било добро Москва да испрати интерконтинентални ракети во Лондон, Брисел и Вашингтон. Се наведува и дека во случај на напад со ракети со среден дострел од 300 до 500 километри на цели на руска територија, ќе следи одмазда во центрите за одлучување.