More

    Русија наскоро може да лансира втор суперсоничен проектил кон Украина

    spot_img

    Русија може да лансира втора суперсонична балистичка ракета во Украина во наредните денови, но Вашингтон не смета дека „Орешник“ значително ќе ја промени ситуацијата во војната, изјави американски претставник.

    Русија ја лансираше првата ракета „Орешник“ врз украинскиот град Дњепар на 21 ноември, што рускиот претседател Владимир Путин го нарече одговор на првиот украински напад на руска територија од американските ATAКМС и британските ракети „Сторм шедоу“ со дозвола на Западот.

    Путин изјави дека Русија би можела повторно да го употреби „Орешник“.

    – Проценуваме дека „Орешник“ не е нешто што значително ќе ја промени ситуацијата на бојното поле, туку е само уште еден обид на Русија да ја тероризира Украина, што

    Русија сѐ уште не ги коментира тие наводи.

    Инаку, украинските војници нападнаа воен аеродром во Таганрог, во Ростовската област, со шест балистички ракети ATAКМС, од кои сите беа соборени или одбиени од системи за електронско војување, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

    „Утрото на 11 декември, режимот на Киев изврши ракетен напад со западно прецизно оружје на воениот аеродром во Таганрог, во Ростовската област… Во текот на истрагата, веродостојно беше утврдено дека биле користени шест балистички ракети ATAКМС од американско производство“, соопшти руското Министерство.

    Според соопштението, биле соборени две ракети, а останатите биле одбиени со техника на електронско војување. Се наведува дека при падот на фрагменти од гранатите нема жртви.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img