More

    Русија напаѓа со единици составени од затвореници

    spot_img

    Додека светот е фокусиран на војната меѓу Израел и Хамас, Русија започна жестока офанзива во источна Украина, истовремено обидувајќи се да го опколи градот Авдијивка во близина на Доњецк и напаѓајќи ја областа околу претходно окупираните градови Купјанск и Лиман. Зајакнатите позиции на Москва и обновените напади на овие стратешки точки на источниот фронт ја принудуваат Украина да брани делови од територијата што беа окупирани со месеци по руската инвазија во февруари 2022 година, а потоа ослободени пред околу една година, пишува Вашингтон пост.

    Најинтензивните борби се водат во близина на Купјанск, град кој се наоѓа на реката Оскил, на само 40 километри од границата со Русија. Украинските команданти и официјални лица стационирани долж источниот фронт рекоа дека Русија значително ги зајакнала своите сили во последните неколку недели со создавање на нови, свежи бригади – вклучително елитните сили и единиците Олуја-З составени од затвореници.

    Командантот на копнените сили на Украина, генералот Олександр Сирски, изјави дека ситуацијата „значително се влошила“ и дека Русија има за цел да го опколи Купјанск и да стигне до реката што минува низ градот. Во центарот на Купјанск во саботата постојано одекнувал артилериски оган. Градот и околината се речиси континуирано бомбардирани откако украинските трупи го вратија Купјанск во контраофанзивата во септември 2022 година.
    Оттогаш, има само маргинални промени во територијалната контрола. Во август Украина нареди голема евакуација. Освен блиското бомбардирање, градот сега е морничаво тивок, главната улица и административните згради се во урнатини.

    28-годишен украински војник кој се бори во Синкивка, село североисточно од Купјанск, ги опиша битките во последните денови како „луди“ и рече дека Русите ги напаѓаат украинските позиции со огромни количини муниција.

    -Тие дефинитивно донесоа повеќе тенкови овде, нивната артилерија пука речиси континуирано.Тие се борат исто како за време на Втората светска војна. Ги испраќаат своите луѓе како парчиња месо, одново и одново. Има места каде што имаме проблеми, па тие се пробиваат. Тие испраќаат толку многу сили овде што е тешко да ги задржат. Тие пукаат со се што имаат. Тие влегуваат со своите тенкови од повеќе правци, а потоа летаат хеликоптери над главата – вели укринскиот војник.

    Купјанск е град кој се бори за опстанок. Жителите кои решија да останат во градот стравуваат од повторна окупација. Голем е и сомнежот во колаборационистите и оние кои сè уште имаат проруски чувства. Украинското воено разузнавање и војниците од единиците кои се борат во областа не го покажуваат видливо својот чин додека се во Купјанск, а локалните власти живеат надвор од градот од безбедносни причини. Постер на влезот во Купјанск ги повикува луѓето да се јават на бројот и да пријават информации за „предавниците на Украина“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img