More

    Русија му враќа на Западот за оружјето во Украина?

    spot_img

    Американските власти објавија дека САД ги следат руските воени бродови и авиони кои треба да пристигнат на Кариби во наредните недели каде што ќе вршат воени вежби, објави Еј-Пи њус.

    Неименувани извори од Вашингтон велат дека Русија на тој начин демонстрира сила додека растат тензиите со Москва околу воената помош на Западот за Украина.

    Се вели дека се очекува руски воени бродови да се вкотват во пристаништата во Венецуела и во Куба, со што ќе се воспостави воено присуство на Русија на западната хемисфера, за што високи претставници на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден велат дека е забележливо, но не и загрижувачко.

    Две официјални лица рекле дека американската војска ќе ги надгледува вежбите, во кои ќе учествуваат „грст“ руски бродови и бродови за поддршка.

    Американската агенција наведува дека ова не е првпат Русија да испраќа борбени бродови на Кариби.

    Но, се нагласува дека овие маневри се случуваат откако рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва може да преземе „асиметрични чекори“ во светот.

    Тие ќе бидат одговор на одлуката на Бајден да ѝ дозволи на Украина да користи американско оружје за напади во Русија за да го заштити Харков, вториот по големина град во Украина.

    Се вели дека официјални лица од администрацијата на Бајден инсистирале на анонимност, бидејќи деталите сѐ уште не се официјално објавени.

    Тие рекле дека руските вежби на Кариби се „сигурно“ дел од поширокиот одговор на Москва на американската поддршка за Украина, но исто така го покажаа напорот на Путин да покаже дека неговата морнарица сѐ уште е способна да проектира глобална моќ откако изгуби повеќе бродови од украинските напади на Црно Море.

    За потсетување, украинската армија во март објави дека Русија изгубила третина од црноморската флота во последните две години од војната.

    Се вели дека Русија не ги известила САД однапред за маневрите на Кариби, иако земјите честопати го прават тоа за време на воените вежби за да спречат погрешни проценки.

    Сепак, американските власти изјавија дека војските ширум светот имаат право да спроведуваат маневри во меѓународни води и тоа го прават редовно.

    Како пример ги наведуваат големите поморски и воздушни вежби БАЛТОПС 24, кои земјите на НАТО, вклучително и Америка, ги започнуваат утре во балтичкиот простор кај Русија.

    Американските власти очекуваат руските бродови да останат на Кариби во текот на летото и веројатно ќе одржат уште една воена вежба во областа по завршувањето на овие маневри.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img