Русија користела шема со изгладнување на жителите на Мариупол за да го освои градот на почетокот на 2022 година

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Русија користела шема со изгладнување на жителите на Мариупол за да го освои градот на почетокот на 2022 година. Нов извештај поднесен до Меѓународниот кривичен суд во Хаг ја оценува оваа шема како злосторство против човештвото, пишува британски „Гардијан“.

Во извештајот на двокатите „Global Rights Compliance“, кои работат во соработка со украинската влада се изведува заклучокот дека оваа шема на Русија била намерна и вклучувала неколку фази.

– Она што можевме да го видиме е дека имаше четири фази на рускиот напад, почнувајќи со напади врз цивилната инфраструктура, прекинување на снабдувањето со електрична енергија, греење и вода. Тогаш евакуирањето на граѓаните беше одбиено, па дури и имаше напади, додека помошта беше спречена да помине – рече Катриона Мардок, партнер во „Global Rights Compliance“.

Опсадата на Мариупол траеше 85 дена. Се проценува дека 22.000 луѓе биле убиени за време на опколувањето и заземањето на градот.

Фазното таргетирање на Мариупол, рече таа, покажа дека Русија планирала да го заземе градот на фронтот без милост за своето цивилно население, кое се проценувало на 450.000 пред да започне целосната инвазија на 24 февруари 2022 година.

Во досието се заклучува дека околу 90% од здравствените установи и домови во градот биле уништени или оштетени за време на опсадата, а пунктовите за дистрибуција на храна биле бомбардирани, како и хуманитарните патишта за евакуација.

Со оглед на важноста на Мариупол и централизацијата на руското одлучување, вината за смртта на илјадници цивили отиде на врвот, се вели во извештајот.

– Владимир Путин е виновен и ешалоните на руското воено раководство – изјави Мардок иако таа не ги именуваше командантите.

Share This Article