More

    За 5 месеци им се исплатени штети во висина од 32 милиона евра

    spot_img

    И во првите пет месеци годинава, како и претходно, најпопуларно осигурување останува да биде приватното здравствено осигурување, а најголемо доброволно осигурување е осигурувањето имот. Значаен раст има и кај вложувањата во каско осигурување. Од настанати штети покриени со осигурување во овој период граѓани, компании и институции наплатиле речиси 32 милиони евра

    Вложувањата во сите неживотни осигурувања за првите 5 месеци година (јануари-мај) надминаа 5,5 милијарди денари (89,6 милиони евра). Вредноста на вложувањата во осигурување на граѓани, институции и компании годинава пораснала за 10% во споредба со истиот период минатата година, покажуваат официјалните податоци кои до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги доставуваат компаниите за неживотни осигурувања.

    Во овој период расте и вредноста на исплатените штети покриени со осигурување. За првите 5 месеци годинава осигурениците наплатиле 1,95 милијарди денари (31,7 милиони евра) од осигурителните компании. Вредноста на исплатените осигурени штети годинава е за 6% повисока во однос на претходната година.

    Клучните индикатори за вложувања во осигурување и за исплатени штети покажуваат дека индустријата бележи континуиран раст. При тоа расте обемот на осигурување, бројот на осигурени лица, ризиците преземени во осигурување како и вредноста на исплатените осигурени штети. Трендот докажува дека активностите на АСО во континуитет обезбедуваат предуслови за раст на продажбата на осигурување, но и зголемена заштита на осигурениците.

    Од доброволните осигурувања најбаран и најбрзорастечки производ и понатаму е приватното (доброволно) здравствено осигурување. Во првите 5 месеци во полиси за здравствено осигурување се вложени  687,7 милиони денари (11,2 милиони евра) Во споредба со истиот период лани вложувањата во здравствено осигурување се зголемени за 35%.

    Солиден раст има и кај каско осигурувањето на моторни возила. Во овој период осигурителните компании продале полиси во вкупна вредност од 543 милиони денари (8,83 милиони евра) што е за 17% подобар резултат од истиот период лани.

    Најголема доброволна класа, според обемот на вложувања, останува да биде осигурувањето имот. За овој период граѓани, институции и компании вложиле 1,22 милијарди денари (19,82 милиони евра) и тоа е минимално зголемување за 2% во споредба со претходната година.

    Од најголемата класа, која воедно е задолжителна со закон, а тоа е осигурувањето од автомобилска одговорност (АО) во првите 5 месеци компаниите инкасирале 2,21 милијарда денари (36 милиони евра). Вложувањата во ова осигурување пораснале за 7% во однос на лани, а тоа се должи на зголемениот број осигурани возила во однос на истиот период лани.

    Во првите пет месеци годинава компаниите за осигурување со своите клиенти склучиле над 676.000 договори за прием во осигурување. Бројот на склучени договори годинава пораснал за 5% во однос на истиот период минатата година. Најмногу договори за осигурување, над 305.700, се склучени за осигурување од незгода. Тоа е производ наменет за колективно осигурување на вработени и ученици со кое се покриваат повреди на или надвор од работно место или училиште.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img