Русија ќе го намали производството на нафта?

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Рускиот претседател Владимир Путин, денеска истакна дека Русија би можела да го намали производството на нафта како одговор на ограничувањето на цената од 60 долари за нејзиниот извоз на нафта, договорено од западните земји поради офанзивата на Москва во Украина.

– Ќе разгледаме можно намалување на производството доколку е потребно – изјави Путин на прес-конференција во главниот град на Киргистан, Бишкек, каде учествуваше на регионален самит.

Според него, ограничувањето на цената на нафтата е „глупава одлука” којашто е „штетна за светските енергетски пазари”.

Share This Article