Украина го „поставува трендот“ во информациската војна и сега Русија ја губи таа војна, изјави шефот на украинската разузнавачка служба, Кирило Будинов.
Тој тврди дека Украина има „извори“ блиски до Владимир Путин и дека Русија ја губи битката за информации.
– Сите следни војни ќе изгледаат вака. Во која било земја во светот. Можеме да кажеме дека го поставуваме трендот. Овде почнавме на сосема поинаков начин. А сега Русите ја губат битката за информации “, изјави Будинов.