More

    Русија има за цел да го прекине новото снабдување на Киев со оружје

    spot_img

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека војската работи на нови планови за прекинување на испораката на оружје и муниција за украинската армија од странство, јави ДПА.

    – Воочуваме дека Украина добива се повеќе и подобро западно оружје, рече Лавров во интервју за руската телевизија. Затоа, рече тој, има повици меѓу воените експерти да се прекинат овие рути за снабдување.

    Се разгледуваат „железнички линии, мостови и тунели”, рече Лавров.

    – Претпоставувам дека тие ќе донесат професионални одлуки како да ги отежнат овие испораки или, идеално, целосно да ги запрат, додаде тој.

    Според Лавров, тие веќе работат на тоа со напади врз украинската инфраструктура. Нарушувањето на енергетската мрежа веќе ја отежнува испорака на ново оружје, рече тој.

    – И јас сум убеден дека има и други планови кои се применуваат во овој поглед – наведе шефот на руската дипломатија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img