Русија и САД немаат нов договор, тоа ќе ја отвори Пандорината кутија

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Русија и САД ќе бидат сѐ поблиску до нова Студена Војна ако не постигнат нов Договор за неширење нуклеарно оружје, кој ќе треба да го замени сегашниот кој истекува во 2026 година, смета Густаво Злаувинен, претседателот на Конференцијата за преглед на овој Договор. Густаво го користи зборот „Пандорина кутија“ алудирајќи дека ако другите земји видат дека големите сили не се разоружуваат можат да посегнат по сопствена нуклеарна програма, пренесува Б92, што би ја отворило кутијата.

– Одлучивме да не бидеме нуклеарна држава… Големата работа е што нуклеарните сили еден ден ќе постигнат нуклеарно разоружување. Ако не го сторат тоа, зошто ние да го направиме нашиот дел? – ја објаснува Густаво логиката на државите кои немаат нуклеарно оружје.

– И во тоа постои ризик, бидејќи многу други земји може да одлучат да започнат со развивање на нивната програма за нуклеарно оружје. Ова ќе ја отвори Пандорината кутија – потцртува тој.

Густаво верува дека таквиот развој на настаните е поопасен од ривалството меѓу Соединетите Држави Америка и Русија за тоа колку нуклеарно оружје ќе имаат.

– Мислам дека имаат доволно. Проблемот е што ако не го намалат, другите ќе речат: „ако немаат намера да го намалат (нуклеарниот арсенал), заборавете на нуклеарното разоружување – заклучува тој.

Злаувинен истакна дека ризикот од употреба на нуклеарно оружје е висок како и за време на Студената војна, само што денес, за разлика од кризата на Карибите, недостига комуникација меѓу Москва и Вашингтон на највисоко ниво.

– И кризата беше избегната благодарение на оваа комуникација – нагласува Златувинен, истакнувајќи дека „сега се чини дека нема таква комуникација”.

– Ова, на пример, важи и за ситуацијата со Северна Кореја – нема директни контакти. Секогаш кога немате комуникација, ризикувате да ескалирате конфликтот поради погрешно проценување, недоразбирање и неправилна проценка на вистинските намери на другата страна – открива тој.

– Значи, мислам дека токму тоа е разликата помеѓу она со што се соочуваме сега во светот, и конкретно во Украина и она што се случи во минатото. Тоа е недостаток на комуникација. Како дипломати, ние мора да комуницираме, мора да се обидеме да стигнеме до другата страна, дури и ако сте непријатели или дури и ако не сте на иста страна. Комуникација, комуникација и комуникација. Ова не значи дека ќе заземете поинаква позиција, но мора да бидете во контакт. Немате ли комуникација, ризикот е многу поголем – истакнува тој.

- Advertisement -
Ad image

Договорот за намалување на стратешкото офанзивно оружје (СТАРТ III), единствениот американско-руски режим за контрола на нуклеарното оружје. Тој беше продолжен од администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден за пет години. Договорт истекува во 2026 година. Русија и САД почнаа да се договараат за параметрите на идниот договор за ограничување на нуклеарното оружје, но го завршија дијалогот по почетокот на специјалната воена операција во Украина.

Како што е наведено од американскиот Стејт департмент, Вашингтон е подготвен да ја разгледа можноста за нова рунда стратешки дијалог со Русија, но сака докази за нејзиниот совесен пристап.

Share This Article