сков.
На прашањето колку падот на Асад го ослабе руското влијание во регионот, Песков рече дека Москва одржува контакти со сите земји во регионот и дека ќе продолжи да го прави тоа.
Приоритет за Москва, рече Песков, е војната во Украина, која претседателот Владимир Путин ја нарекува „специјална воена операција“.
– Специјалната воена операција е апсолутен приоритет за нашата земја: ние мора да ги гарантираме интересите на нашата безбедност, интересите на нашиот руски народ и тоа ќе го направиме – рече Песков.
Москва ја поддржува Сирија уште од раните денови на Студената војна, признавајќи ја нејзината независност во 1944 година, кога Дамаск се обидуваше да се ослободи од француската колонијална власт.