Русија губи најмалку две илјади војници на секои 100 метри територија што ќе успее да ја освои во источна Украина, објави денеска британски Тајмс, повикувајќи се на извештај на разузнавачките служби на членките на НАТО. Во извештајот не се наведува дали во оваа бројка има и ранети војници, но познато е дека оваа проценка е претставена на неодамнешниот состанок на министрите за одбрана на НАТО.
На состанокот се разговараше за испраќање западно оружје во Украина со цел да му се овозможи на Киев да ги потисне руските сили во следните три месеци. Американскиот министер за одбрана Лојд Остин на тој состанок изјави дека руските копнени сили на истокот на Украина се „деморализирани“ и „трпат огромни загуби“. „Русија продолжува да испраќа големи количини дополнителни ресурси и работна сила во битката“, рече Остин.
„Повеќето војници што ги испраќа се слабо опремени и обучени, поради што руските сили трпат големи загуби“, рече тој. Според податоците на Генералштабот на украинската армија, Русите изгубиле околу 140.000 војници од почетокот на инвазијата, пренесува Индекс.