More

    Русија го запре извозот на украинско жито и ѓубрива

    spot_img

    Денеска нема да има движење на товарни бродови со украинско жито низ Црно Море, јави Заедничкиот координативен центар (ЗКЦ) од Истанбул, што е задолжен за следење на меѓународниот договор за извоз на украинските житарки, што беше потпишан летово.

    „Во рамките на Центарот не се постигна заеднички договор за излез и влез на товарни бродови за 30 октомври”, се наведува во синоќешното соопштение.

    Руските власти вчера соопштија дека се повлекуваат од договорот за извоз на жито од украинските пристаништа, од витално значење за снабдувањето со храна во светот, по нападот на црноморскиот полуостров Крим, за кој Москва ги обвини Украина и Велика Британија.

    Како причина за ова свое повлекување од договорот руските власти ги наведоа нападите со беспилотни летала врз воени и цивилни бродови на руската Црноморска флота стационирани во Севастополскиот залив, на Крим, што беше насила припоен од Русија во 2014 година.

    Договорот беше склучен во јули под покровителство на ОН и Турција, и овозможи извоз на неколку милиони тони жито блокирано во украинските пристаништа од почетокот на руската инвазија врз Украина. Блокадата предизвика скок на цените на храната и ги зголеми стравувањата од глад низ светот.

    Заедничкиот координативен центар, што во Истанбул ги собира претставниците на Русија, Украина, Турција и ОН, прецизираше дека Русија го информирала за својата „загриженост за безбедноста на товарот” и тоа им ја пренела на турската и на украинската делегација. По оваа објава нема официјална реакција од Анкара.

    Безбедносен извор за француските медиуми синоќа изјави дека Турција не била официјално известена за повлекувањето на Русија од договорот, додавајќи дека Заедничкиот координативен центар ги разгледува последните случувања, го проценува влијанието врз операциите и ги разгледува следните чекори.

    Девет товарни бродови вчера можеа да поминат низ поморскиот коридор во Црното Море, а уште десет се подготвени да поминат во двата правци, соопштија од Центарот што го следи спроведувањето на договорот. Центарот врши инспекции на товарните бродови што минуваат низ Босфорот во двата правци, празни и полни, а тоа го прават по двајца инспектори од Русија, Украина, Турција и Обединетите нации.

    Белата куќа синоќа ја обвини Русија дека „храната ја користи како оружје”, повлекувајќи се од договорот за извоз на жито од украинските пристаништа.

    – Русија уште еднаш се обидува да ја искористи војната што ја почна како изговор за да ја користи храната како оружје и на тој начин директно да влијае на земјите кои веќе се во неволја и цените на храната ширум светот – изјави неименувана портпаролка на Советот за национална безбедност. Таа додаде дека на овој начин се влошува обезбедувањето со храна и се предизвикува хуманитарна криза.

    Шефот на еврипската дипломатијата Жозеп Борел изјави дека Унијата апелира до Русија да се врати на договорот за извоз на жито од Украина.

    – Одлуката на Русија да го суспендира своето учество во Црноморскиот договор (за житарици) ја става во опасност главната извозна рута на многу потребните жита и ѓубрива за решавање на глобалната криза со храна предизвикана од војната врз Украина. Апелираме до Русија да ја промени својата одлука – напиша Борел на Твитер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img