Русија ги предупреди САД и Западот за последиците од испраќањето оружје во Украина, јавија светските агенции.
– Соодветните конвои ќе станат легитимни цели за руските вооружени сили. Во Украина не консултации, нема преговарачки процес со САД. Ги предупредивме САД дека оркестрираното испумпување на оружје од голем број земји не е само опасен потег, тоа е акција што ги претвора соодветните конвои во легитимни цели- изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
Во исто време Си-Ен-Ен, повикувајќи се на РИА Новости, јави дека Рјабков рекол оти Русија е подготвена повторно да соработува со САД за безбедносни прашања и Договорот за намалување на стратешкото оружје (СТАРТ).
– Ако Американците се подготвени за ова, ние, се разбира, ќе можеме да го продолжиме дијалогот и сме решени да го сториме тоа, како и да работиме на СТАРТ, каде што има и одредена пауза – рекол Рјабков.