Русија ги затвора границите, а летовите кон странските земји се распродадени за Русите кои бегаат од мобилизацијата и војната

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Русија ги затвора границите, а летовите кон странските земји се распродадени за Русите кои бегаат од мобилизацијата и војната. Само во соседна Србија се очекува денеска да пристигнат 4.000 Руси, кои без виза можат да влезат во оваа земја. Летовите за Белград од Москва на некои компании се распродадени сѐ до 9 октомври.

Оние карти за Белград што останале чинат 1.000 евра за со трансфери и патување од над 30 часа, па сѐ до 9.042 евра со директен лет. Се смета дека во Белград од почетокот на војната пристигнале меѓу 30.000 и 50.000 Руси според тоа колку нови сметки се отворени во белградските банки.

Утринава рускиот претседател Путин објави дека ќе мобилизира 300.000 војници.

Share This Article