Русија ги зајакнува своите позиции на Арктикот и на економски и на воен план

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Русија ги зајакнува своите позиции на Арктикот и на економски и на воен план, се вели во новата руска поморска доктрина што денеска ја потпиша претседателот Владимир Путин по повод Денот на руската морнарица.

Арктикот се трансформира во регион на меѓународен натпревар не само од економски, туку и од воен аспект, според доктрината потпишана од Путин во Санкт Петербург, каде што се одржува парадата за Денот на морнарицата.

Како што се додава, имајќи ги предвид овие фактори, Русија ќе ги зајакне своите „водечки позиции во истражувањето и освојувањето на Арктикот“ и неговите наоѓалишта на минерали и ќе обезбеди „стратешка стабилност“ во таа зона преку зајакнување на воениот потенцијал на руската Северна и Пацифичкита флота.

Русија на Арктикот исто така сака целосно да ja развие Северната поморска рута, наречена Североисточен премин кој ја поврзува Европа со Азија долж рускиот брег, со намера да ја претвори во „безбедна и конкурентна рута што ќе функционира во текот на целата година“, се наведува во доктрината.

Како што пренесува Бета, во документот од 55 страници се осудува волјата на САД да „доминираат во светските води“ и „приближувањето на воената инфраструктура на НАТО до руските брегови“, оценувајќи дека тоа се „главни закани“ за Русија.

Москва го смета НАТО, својот стар непријател за време на Студената војна, за егзистенцијална закана и ја оправдува својата офанзива врз Украина со амбициите на Киев да се приклучи на Алијансата.

Share This Article