„Постојат пукнатини во европската солидарност. Има земји кои би ја поддржале Украина за да го положи оружјето, наместо да се обидат да го зајакнат нејзиниот одбранбен потенцијал“.
Вака го коментираше недостатокот на оружје во Украина, полскиот премиер Матеуш Моравјецки, на дипломатско советување во Варшава. Тој за медиумите изјави дека западните земји погрешно ја процениле Русија и не испратиле доволно помош во земјата.
– Русија денес е ранета мечка. Некои многу рано проценија дека е победена во судирите во Украина. Тоа е моќна држава со голем потенцијал, а ангажиран е само еден негов дел – додаде тој.