More

    Румен Радев „си ги мие рацете“ за блокадата на Македонија

    spot_img

    Решението за проблемите во односите со Република Северна Македонија лежи во имплементацијата на Копенхашките критериуми за членство и во почитувањето на човековите права – рече претседателот на Бугарија Румен Радев во интервјуто дадено за грчката агенција АНА-МПА одговарајќи на прашање за европската перспектива на Македонија.

    Затоа, според зборовите на шефот на бугарската држава, повеќе не треба да се зборува за „бугарско вето“, бидејќи има јасен заклучок на Европскиот совет од јули годинава и договорена преговарачка рамка.

    – Овие европски, а не бугарски барања јасно кажуваат дека Република Северна Македонија мора да го измени својот устав за да им даде можност на Бугарите да имаат уставна заштита и еднакви права со тоа што ќе бидат вклучени во уставот на еднаква основа со другите државотворни нации во оваа земја – вели Радев.

    Претседателот на Бугарија уште еднаш повика, како што вели тој, на искоренување на јазикот на омразата и насилството врз Бугарите кои живеат во Македонија, како и на „почитување и заштита на бугарското културно и историско наследство“.

    Радев изрази надеж дека што поскоро државниот врв „ќе ги прифати европските принципи и вредности за подобра иднина на граѓаните на Република Северна Македонија, како и за создавање подобра перспектива за сите на Балканот“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img