Бугарскиот претседател Румен Радев реагираше на изјавите на неговиот колега Стево Пендаровски дека македонското малцинство во Бугарија е факт и оти треба да биде впишано во Уставот на Бугарија, исто како што Софија бара внесување на Бугарите во Уставот на Македонија.
– Очигледно, некои политичари во Cеверна Македонија се обидуваат да ја осознаат реалноста на потешкиот начин. Тоа не им носи никаква полза. Напротив, досега имаа доволно поводи и настани за да се убедат дека нивното антиевропско однесување и однос кон Бугарија на ниту еден начин не им носи придобивки и ги оддалечува од нивното членство во ЕУ – изјави Радев пред новинари во градот Летница на северот од Бугарија.