Рудникот Бучим во производствениот процес не користи цијанид, велат од рудникот.
– Процесот на преработка на бакарната руда се врши во погонот флотација каде што се користат неколку стандардни реагенси за флотирање и тоа колектори, пенливци и стабилизатои. Односно хемиските супстанции и препарати кои се употребуваат во процесот за преработка на руда се согласно MSDS безбедносните листови – објаснуваат од компанијата.
Употребата на цијанид во Македонија е забранета со измените во Законот за минерални суровини од 2019 година. И покрај тоа група еко активисти протестираа против отворање нови рудници за бакар плашејќи ја јавноста дека тие ќе ја користат оваа опасна хемикалија при преработката на рудата.