More

    Росатом ќе управува со Енергоатом

    spot_img

    Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти синоќа дека била информирана од украинскиот нуклеарен регулатор Енергоатом дека Русија планира да преземе целосна и трајна контрола врз нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина.

    Според Енергоатом, Русија планира со нуклеарната централа да раководи руската државна нуклеарна компанија Росатом.

    Украина, исто така, обвини дека вработените во нуклеарната централа Запорожје се принудени „да се координираат со руските сили за сите оперативни прашања, вклучително и техничките прашања“ и дека „руски експерти пристигнаа на локацијата пред неколку дена за да ја проценат ситуацијата со радијацијата таму“.

    Енергоатом тврди дека 211 лица технички персонал и чувари не ја напуштиле нуклеарната централа Запорожје откако таа беше заземена од руските сили.

    МААЕ посочи дека е информирана дека Енергоатом работи на поправка на оштетените далноводи во нуклеарната централа во Чернобил и дека дизел генераторите обезбедуваат резервна енергија на системите релевантни за безбедноста.

    Руските сили ја зазедоа нуклеарната централа на 4 март по битката со украинските војници.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img