More

    Не успеа да реструктуира долг од 20 милијарди долари во еврообврзници

    spot_img

    Украинската влада соопшти дека не успеала да постигне договор со група странски кредитори, меѓу кои се финансиските гиганти БлекРок и Пимко, за реструктуирање на украинските еврообврзници од 20 милијарди долари.

    Во февруари 2022 година, сопствениците на обврзници и одобрија на Украина двегодишно замрзнување на долгот поради нејзиниот конфликт со Русија. Тој договор истекува во август, а сопствениците на обврзници се желни Киев повторно да почне да плаќа камата на својот долг. Украина би можела да заврши во банкрот доколку не се договори нова отплата на долгот, што би го оштетило кредитниот рејтинг на земјата и би го отежнало позајмувањето во иднина.

    Украина предлага да ги замени своите обврзници за серија нови со рок на достасување до 2040 година и камати кои започнуваат од 1% во првите 18 месеци, а потоа постепено се зголемуваат до 6%.

    Скоро две недели траат формалните преговори меѓу Киев и доверителите кои претставуваат петтина од неподмирените еврообврзници на земјата во вредност од 20 милијарди долари.

    „Иако Украина и кредиторите не постигнаа договор за условите за реструктуирање за време на периодот на консултации, тие ќе продолжат со ангажманот и конструктивните дискусии преку нивните советници“, се вели во соопштението на владата.

    Оттаму се додава дека разговорите со други инвеститори ќе продолжат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img