Откако португалските медиуми напишаа дека Кристијано Роналдо се заканувал дека ќе ја напушти репрезентацијата бидејќи не бил стартер во осминафиналето на Мундијалот и демантот кој стигна од Фудбалскиот сојуз на Португалија, се огласи и самиот Роналдо.
ФУДБАЛ 10:04 часот 1 ФК Португалија ги демантираше гласините за Роналдо: „Тоа апсолутно не е точно! ФУДБАЛ 12:12 0 Фудбалскиот сојуз на Португалија во експресно соопштение објавено во четвртокот ги демантираше пишувањата на медиумите дека Кристијано Роналдо му се заканил на селекторот Фернандо Сантос дека ќе го напушти таборот на репрезентацијата. По сојузот зборуваше и самиот Роналдо.
„Групата е толку силна што не може да биде разбиена од надворешни сили. Нација толку храбар што не дозволува никого да го заплаши. Тим во вистинска смисла на зборот кој до крај ќе се бори за својот сон. Верувај во нас! Оди Португалија“, напиша капитенот на Португалија на својот Твитер. Португалија во сабота од 16:00 часот во четвртфиналето ќе игра против Мароко.