Роналдо ги откри плановите по пензионирањето

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Португалецот Кристијано Роналдо, проговори за плановите по завршувањето на својата играчка кариера.

Напаѓачот на Ал-Наср и португалски репрезентативец изјави дека не сака да стане тренер кога ќе ги закачи копачките.

– Во моментов не размислувам да станам тренер на ниту една екипа. Мојата иднина не ја гледам на клупата. Се гледам себеси како правам други работи надвор од фудбалот, но само Господ знае што носи иднината – изјави Кристијано Роналдо за португалските медиуми.

Договорот на 39-годишниот напаѓач со Ал-Наср трае до 2025 година. Минатата сезона за клубот од Саудиска Арабија одигра 45 натпревари во сите натпреварувања и постигна 44 гола со 13 асистенции.

Кристијано Роналдо игра за Ал-Наср од 2023 година, а претходно настапуваше за Манчестер Јунајтед, Јувентус, Реал Мадрид и Спортинг Лисабон.

Share This Article