Романското Министерство за здравство соопшти дека ќе им подели апчиња со калиум јодид против радијација на сите лица, од бебиња до 40-годишници

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Романското Министерство за здравство соопшти дека ќе им подели апчиња со калиум јодид против радијација на сите лица, од бебиња до 40-годишници. Земјата-членка на ЕУ им се придружува на Финска, Бугарија, Белгија и некои други кои исто така обезбедија такви лекови за своето население во услови на тековната руска офанзива во Украина, пишува РусијаДенес.

„Неделава во Романија ќе започне кампања за да ги научи луѓето како да ги складираат и администрираат таблетите, кои помагаат да се намали влијанието на радијацијата врз човечките системи“, се вели во соопштението за Министерството за здравството.

„Дистрибуцијата на таблетите ќе започне во втората половина на април, откако ќе се воспостави соодветна законска процедура“, се додава во написот. Министерството не ги наведува причините за овој потег, но се истакнува дека „во моментов не постои опасност за да биде неопходно овие таблети да се земаат“.

Романија со Украина дели 614 километри долга граница со соседна Украина, каде има четири нуклеарни централи.

ЕУ веќе ги повика своите земји-членки да складираат апчиња со јод, кои веќе тешко се наоѓаат, но и други назначени лекови, а исто така и костуми за нуклеарна заштита. Брисел соопшти дека ги засилува подготовките за справување со последиците од можен хемиски или биолошки напад.

На почетокот на март, пожарот во украинската нуклеарна централа Запорожскаја, која беше заземена од руските сили, осамн на светските насловни страници. Пожарот беше брзо изгаснат, а Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека немало „никакво критично влијание врз безбедноста“ во објектот.

Руските сили неодамна се повлекоа и од централата во Чернобил по месец дена опсада.

Share This Article