Иако требало да зборува за состојбата во која се наоѓаат романските земјоделци, како последица на криза во Украина, романскиот министер за земјоделство Петре Деа заспал во програма во живо на ТВ каналот Антена 3.
Кога водителката му се обрати и му даде збор од другата страна на воспоставената дирекна линија се слуша како министерот ‘рчи. Ова измами насмевка на лицата на другите соговорници.