Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович денеска соопшти дека се повлекува од менаџерската позиција во Челзи.
Тој објави изјава на Твитер во која вели дека откако бил изложен на притисок од јавноста, раководните овластувања во клубот ги предал на хуманитарната фондација Челзи.
„Во текот на 20-те години додека раководам со Челзи, секогаш се грижев за клубот и носев одлуки кои се во најдобар интерес на клубот. Останувам верен на тоа и затоа решив денеска да им го препуштам раководството на клубот на луѓето од хуманитарната организација на Челзи. Верувам дека тие се во најдобра позиција да продолжат да се грижат за клубот, играчите, членовите на клубот и навивачите“, се вели во соопштението на Абрамовиќ.
Абрамович, инаку голем пријател на Владимир Путин, е под голем притисок откако Русија ја изврши својата агресија врз Украина. „Дејли Мејл“ вчера пишуваше дека дури е можно рускиот олигарх наскоро да започне со процес на продажба на Челзи, а истото го тврдеше и Блумберг. Сепак, Абрамович се решил на ваков потег