More

    Роеви на дронови летаат и со помош на координати кои им се испратени од ГПС прават шоуа за луѓето низ целиот свет

    spot_img

    Роеви на дронови летаат и со помош на координати кои им се испратени од ГПС прават шоуа за луѓето низ целиот свет. Некои од тие форми, осветлени со лед-диоди, се вистинска уметност во три димензии која се користи за свечени прослави и разни јавни собиранки. Меѓу другото, такво нешто имаа можност да видат скопјани на отворањето на новиот Дајмонд Мол.

    Овие префинети шоуа се многу популарни во земји како Кина, а според една проценка, чинат и до 1.500 долари од дрон. Вака се проценуваат квадкоптерите на компанијата Интел, наречени „shooting star“. Тие беа користени на Зимските олимписки игри 2018, шоуто на полувремето на Супербоул во 2017 година, но и за прославата на Денот на незавиноста на САД во 2018 година. Секако, цената ќе зависи од повеќе фактори.

    Најголемото вакво шоу досега во светот било направено во 2020 година во провинцијата Гуандонг во Кина. Тогаш, 3.015 беспилотни летала правеа форми во небото и влегоа во Гинисовата книга на рекорди.

    Меѓутоа, на Фејсбук веќе се појавуваат снимки од вакви шоуа низ целиот свет. Компанијата „Лумаски дрон шоу“ на пример се фали дека користидо 5.000 дронови во своите егзибиции во Азербејџан, Кувајт, Јордан…Тие велат дека им требаат четири недели за подготовка по шоу.

    Освен огромните 3Д-форми кои се движат, компанијата може да направи дроновите да изгледаат како снегулки и да имитираат врнежи од снег.

    Првото во историјата вакво шоу пак, било направено уште во 2012 година во Австрија од компанијата „Ars Electronica Futurelab“. Сепак, за прв настан се смета шоуто над Централ Парк во Њујорк, каде њујорчани можеле да уживаат во разните форми.

    Најинтересното нешто? Дроновите не прават бука и не го загадуваат воздухот. Тие комплетно можат да ги заменат огнометите и петардите кои ги користиме за забава за време на божиќните празници. Секако, не можете да правите шоу со дронови кога врне или многу дува.

    Тука сепак има една причина за загриженост. Дроновите можат да паднат и да се истурат врз публиката ако им откажат батериите или има друг технички проблем. Паѓајќи на земјата, или дури и кога уште се на небото, тие можат да заискрат и да предизвикаат пожар. Ова е посебен проблем за решавање бидејќи на земјата имате толпа луѓе чија безбедност ќе биде загрозена.

    Несреќи со дронови веќе се случуваат. Во октомври 2018 година, 46 дронови паднаа од небото над пристаништето Викторија во Хонг Конг. Во 2021 вакво нешто се случи во Женгжу, а луѓето панично бегаа. Службениците во тоа време се сомневаа дека некој користел радио-сигнали од земја за да ги принуди да паднат, напиша тогаш„ Саут Чајна Морнинг Пост“.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img